⭐️Дипломиран физиотерапевт
⭐️Дипл. стручен физиотерапевт специјализиран во областа на детска рехабилитација
⭐️Дипл. физиотерапевт специјализиран во областа на ортопедија, хирургија и трауматологија
⭐️ Магистрант на специјална едукација и рехабилитација- моторни нарушувања

Даница Ѓуровска Трајковска

Даница го основа Физио Актив во 2019 година со цел да понуди професионална и најдобра услуга за децата  со кои дотогаш работи.

Физио Актив е прв основан ваков центар во нашата држава, специјализиран за детски развој.

Даница постојано посетува обуки чија цел е да ги пронајде најдобрите начини за третман на децата кои се под нејзина рехабилитација.

Покрај долгогодишното искуство во работа со бебиња и деца со невроризичен развој и предизвици во развојот, Даница е единствен терапевт во државата и регионот кој во својата пракса користи спој од најквалитетните рехабилитациски методи на светско ниво. Успехот кој го постигнуваме кај децата се должи на анализа и стратегии на третман кои се темелат на спој од врвните невроразвојни третмани и користење на рехабилитациските постапки од широката палета на методи и техники со кои располагаме.

Таа е сертифицирана за работа од меќународно признаени институции а дел од курсевите кои ги има завршено се:  Vojta, Bobath, Schroth, MAES, CME, Невротактилна интеграција, Невро-сензо-моторна рефлeксна интеграција, Невромускулен тејпинг.

⭐️Активна учесничка на повеќе конгреси во областа
⭐️Учесник на голем број работилници во областа

Тања Ѓеорѓиевска

Тања е дел од тимот на Физио Актив од самиот почеток. Искуството во рехабилитација на деца и бебиња го надополнува со меѓународни обуки од кои дел се: Bobath, EMMETT, DNS – динамична невромускулна стабилизација, ACL рехабилитација, Cupping therapy и други.
Како врвен професионалец, посветена е на третман и превенција на најситните отстапки од правилниот развој како кај бебиња така и кај деца и тинејџери особено во период на интензивен раст каде ризикот од искривување на рбетот е голем.

⭐️Дипломиран физиотерапевт
⭐️Дипл. стручен физиотерапевт специјализиран во областа на неврологија
⭐️Дипломиран физиотерапевт

Магдалена Трпкова

Магде е дел од тимот на Физио Актив и има посебен интерес во работата со бебиња. Комуникацијата и соработката со родителите и децата кои се неопходни во тек на процесот на рехабилитација таа го надополнува со меѓународни обуки како ITHRUST и Flossing.
Магде е омилен терапевт на бебињата со кои има посебна и незаменлива врска.

⭐️Дипломиран физиотерапевт
⭐️Дипл. стручен физиотерапевт специјализиран во областа на ортопедија, хирургија и траума

Индивидуални вежби со бебиња и деца со предизвици во развојот

Нашиот тим на терапевти специјализирани за третман и рехабилитација на деца работат со деца кои се соочуваат со предизвици во развојот за долгорочно подобрување на квалитетот на живот.

Физио Актив нуди врвна терапија по светски признаени методи за третман на бебиња и деца кои се невроризични, церебрална парализа, генетски состојби, синдроми, ретки болести, предвремено родени бебиња,  парези и парализи на нерви; повреда на брахијален плексус, хипотонија, хипертонус, спазам на мускулатура и други невролошки состојби и предизвици.