Индивидуални вежби со бебиња со типичен развој

Овој тип на услуга се состои од индивидуални вежби кои се намените специфично за Вашето бебе според неговите моментални способности и возраст.

Целта е правилно постигнување на развојните фази и и целокупниот развој на бебето опфаќајки ги елементите на моторен, сензорен и когнитивен развој, фина моторика и емоционален развој .

Индивидуални вежби со бебиња и деца со предизвици во развојот

Нашиот тим на терапевти специјализирани за третман и рехабилитација на деца работат со деца кои се соочуваат со предизвици во развојот за долгорочно подобрување на квалитетот на живот.

Физио Актив нуди врвна терапија по светски признаени методи за третман на бебиња и деца кои се невроризични, церебрална парализа, генетски состојби, синдроми, ретки болести, предвремено родени бебиња,  парези и парализи на нерви; повреда на брахијален плексус, хипотонија, хипертонус, спазам на мускулатура и други невролошки состојби и предизвици.