Индивидуални вежби за корекција на сколиоза, кифоза и лордоза

Физио Актив нуди рехабилитација по Шрот метод и ДНС (динамична мускулна стабилизација).

Големиот број на задоволни клиенти ни укажаа дека комбинацијата на овие две техники дава најголем процент на успешност, долгорочни ефекти и најдобри резултати во неоперативниот третман на сколиоза.

Постои заблуда дека сколиозата е проблем само во мускулите и дека се решава со едноставни вежби на истегање и јакнење на мускулатурата, но комплексноста на сколиозите е во коскениот деформитет на пршлените и рбетот. Поради тоа е исклучително важно на овој проблем да му се пријде од страна на стручен и образован терапевт кој ќе делува на сите компоненти на кривината, земајќи го во предвид големото влијание на кривината врз респираторниот систем.

Индивидуални вежби со бебиња и деца со предизвици во развојот

Нашиот тим на терапевти специјализирани за третман и рехабилитација на деца работат со деца кои се соочуваат со предизвици во развојот за долгорочно подобрување на квалитетот на живот.

Физио Актив нуди врвна терапија по светски признаени методи за третман на бебиња и деца кои се невроризични, церебрална парализа, генетски состојби, синдроми, ретки болести, предвремено родени бебиња,  парези и парализи на нерви; повреда на брахијален плексус, хипотонија, хипертонус, спазам на мускулатура и други невролошки состојби и предизвици.