Консултација

Консултацијата се состои од едукација на родителите за правилно постапување со бебето (правилен начин на кревање и спуштање, носење во правилна положба), вежби според возраста на бебето (вртење, седнување, лазење, одење)- вежбите ги покажуваме и родителите ги учат како да ги изведуваат, насоки за когнитивна игра, корекција на отстапки доколку бебето ги прави.
Доколку има потреба се прави план за третмани во нашиот центар, а ви стоиме на располагање за консултации по вибер да го следиме прогресот на детето и да корегираме доколку некоја вежба ви е предизвик.

Индивидуални вежби со бебиња и деца со предизвици во развојот

Нашиот тим на терапевти специјализирани за третман и рехабилитација на деца работат со деца кои се соочуваат со предизвици во развојот за долгорочно подобрување на квалитетот на живот.

Физио Актив нуди врвна терапија по светски признаени методи за третман на бебиња и деца кои се невроризични, церебрална парализа, генетски состојби, синдроми, ретки болести, предвремено родени бебиња,  парези и парализи на нерви; повреда на брахијален плексус, хипотонија, хипертонус, спазам на мускулатура и други невролошки состојби и предизвици.