Корекција и стимулација на развој

Со индивидуални третмани, Физио Актив работи со бебиња и деца со типичен развој или со мали отстапки.

Главна цел на овие третмани е превенција и поставување на правилни темели. Преку специфични техники и методи третирамре Деца кои доцнат со развојните фази според возраста  и корегираме отстапки во развојот,како тортиколис, од на прсти, Задоцнето пролазување и проодување; Потешкотии при задржување на главата и телото во правилна положба , не стабилен од, неправилна шема на од, скратени тетиви, рамни стапала, лошо држење, асиметрија – детето повеќе се служи со едната страна од телото.

Индивидуални вежби со бебиња и деца со предизвици во развојот

Нашиот тим на терапевти специјализирани за третман и рехабилитација на деца работат со деца кои се соочуваат со предизвици во развојот за долгорочно подобрување на квалитетот на живот.

Физио Актив нуди врвна терапија по светски признаени методи за третман на бебиња и деца кои се невроризични, церебрална парализа, генетски состојби, синдроми, ретки болести, предвремено родени бебиња,  парези и парализи на нерви; повреда на брахијален плексус, хипотонија, хипертонус, спазам на мускулатура и други невролошки состојби и предизвици.