Со индивидуални третмани, Физио Актив работи со бебиња и деца со типичен развој или со мали отстапки.
Главна цел на овие третмани е превенција и поставување на правилни темели. Преку специфични техники и методи третираме деца кои доцнат со развојните фази според возраста и корегираме отстапки во развојот, како тортиколис, од на прсти, задоцнето пролазување и проодување, потешкотии при задржување на главата и телото во правилна положба, нестабилен од, неправилна шема на од, скратени тетиви, рамни стапала, лошо држење и асиметрија – детето повеќе се служи со едната страна од телото.