Едукација на родителите

Физио Aктив одржува едукации на родителите за правилно постапување со бебе од првиот ден.

Кога бебето го кревате и носите вие му испраќате информации на неговиот мозок и тоа така учи како треба да се заврти, да се исправи и да седне. Се што вие правите со бебето испраќа информации до неговиот мозок и тоа го применува она на што вие го учите.

Во оваа програма родителот добива насоки за тоа како треба да го крева и спушта своето бебе, како треба правилно да го држи, на кој начин треба да започне со дохрана доколку бебето сеуште не седи самостојно и кои се основните насоки за правилно постапување со бебе.

Индивидуални вежби со бебиња и деца со предизвици во развојот

Нашиот тим на терапевти специјализирани за третман и рехабилитација на деца работат со деца кои се соочуваат со предизвици во развојот за долгорочно подобрување на квалитетот на живот.

Физио Актив нуди врвна терапија по светски признаени методи за третман на бебиња и деца кои се невроризични, церебрална парализа, генетски состојби, синдроми, ретки болести, предвремено родени бебиња,  парези и парализи на нерви; повреда на брахијален плексус, хипотонија, хипертонус, спазам на мускулатура и други невролошки состојби и предизвици.