Дозволете им на децата да го остварат својот потенцијал

Методите и техниките кои ги користиме:

Холистички пристап

Индивидуализирана и сеопфатна стимулативна програма, вклучувајќи го физичкиот, когнитивниот и емоционалниот развој на секое дете.

Поддршка и внимание

Максимално посветено внимание кон секој наш мал пријател.

Искусни професионалци

Искусен и професионален тим кој обезбедува највисок степен на квалитет и врвен третман за вашето дете.

01

Војта принцип

Војта терапијата го поттикнува мозокот во активирање на вродените образци на движење кои се вклучени во координираното движење на мускулите на трупот и екстремитетите. Војта терапијата може да се применува кај новороденчиња, па се до најстара возраст.

Со оваа техника значително го подобруваме држењето на телото на детето и неговите функции, како вртење, седнување, лазење и одење.

При примена на Војта терапија неопходно е да се направи обука за родителот да продолжи со вежби дома, низ што ние ве водиме.​

02

Бобат концепт

Бобат концептот е еден од најшироко распространетите методи на
невролошка рехабилитација низ светот. Со овој концептот на
рехабилитација се насочуваат пластичните прилагодби на мозокот и мускулните структури кон правилни функционални шеми.

Третманот е карактеризиран со изнаоѓање решение во поглед на
моторно однесување, кое ограничува спроведување на некоја
активност. Вклучено е активно делување на детето преку
специфично терапевтско водење. Детето е водено од нашите раце.
Даваме чуство за држење и движење. Само тогаш кога детето
активно учсествува дури и водено од нас, учи да ги користи своите
можности.<br><br>

Дел од третманот е подобрување на состојбата на детето преку
подобрување на постуралната контрола и добивање на селективно
движење преку фасцилитација од терапевт. 

Бобат концептот е пристап кој нуди сеопфатност (био-психо-социјален).


Како темел се служи со:

03

МАЕС терапија

МАЕС терапијата преку својот концепт ни овозможува подобро да го разбереме детето со церебрална парализа и слични невролошки состојби и преку тоа да го индивидуализираме третманот. Овој пристап во целост го анализира детето опфаќајки ги не само моторните способности и достигнувања, туку земајќи ја во предвид моторната, когнитивната, психичката, визуелната, аудитивната, бихејвиоралната и сензорната компонента. 

Применувајќи МАЕС терапија потребно е најпрво да се направи
детална анализа на способностите на детето. Детето се анализира во повеќе различни ситуации за да се види како се однесува при изведување на различни активности. Според тоа можеме да процениме каде квалитетот на извршување на активноста е на високо задоволително ниво, каде тој опаѓа, а каде е на ниско ниво. 
Бидејќи МАЕС терапијата не е терапија која се однесува на моторниот систем туку тоа е терапија на мозокот и на целиот систем потребно е во анализата да се земат во предвид повеќе фактори како положбата во која се наоѓа детето, колку детето е мотивирано да биде во таа активност или сака да ја промени положабата, влијанието на опкружувањето и се што може да влијае на однесувањето на детето.

04

CME Cuevas Medek Exercises

CME вежбите се психомоторна терапија базирана на динамични
предизвикувачки вежби, мануелно аплицирани од страна на обучен терапевт, кај дете чии развојни моторни функции се нарушени. 

Оваа терапија ни нуди многу конкретни насоки за тоа како да го стимулираме мозокот на бебето и детето на целосно безбеден начин. ЦМЕ го провоцира мозокот на детето за автоматски да изреагира со постурална и функционална моторна контрола преку изложување на телото на силата на гравитацијата. ЦМЕ го промовира користењето на максимално можно дистално држење на деловите од телото на детето и го предизвикува невро-мускулниот систем со цел да го засили присуството и појавувањето на моторните функции.

 

05

Масгутова рефлексна интеграција

Научните истражувања според Масгутова потврдуваат дека
рефлексите немаат исклучително заштитна улога кај човекот во
ситуации на стрес и опасност, туку имаат значајно голема улога во
неврофизиологијата на мозокот и развојот на повеќе функции како моторни, когнитивни и емоционални. Затоа, оваа програма многу често се нарекува “врската која недостасува” во многу професии кои што имаат и најмал допир со психомоторниот развој на детето. 
Преку работата на рефлексите и нивна стимулација се поттикнува
структурата на невролошкиот систем и се постигнува побрз и
поквалитетен проток на информации. На тој начин се интегрираат
примитивните рефлекси и мозокот станува пофункционален на сите полиња: моторно, вестибуларно, вербално, визуелно, емоционално и когнитивно. 

MNRI вклучува длабоко разбираање на моторниот развој, неговите
нивоа и фази, процеси и стратегии, структури и неврофизиолошки
аспекти. Техниката која што мора да ја практицира стручен и
образован MNRI терапевт преку сензорни стимулации и преку
моторниот систем ја подобрува слабата функционалност,
дисфункционалност и ги намалува патолошките моторни образци.

06

Масгутова тактилна интеграција

Кожата е граница помеѓу нас и надворешниот свет и таа е најголем орган кај човекот. Го вклучува тактилниот систем кој на телото му овозможува примање на тактилни чувства од светот околу нас. Системот се состои од 11 различни рецептори, кои разликуваат широка палета тактилни подрачја на кои телото е изложено. 

Средишниот нервен систем ги обработува сензорните информации кои доаѓаат, а рецепторите го известуваат и одлучуваат за нивните приоритети. Неправилностите во работата на тактилниот систем се можни како последица на природни или трауматолошки оштетувања (за време на бременост, за време на пораѓај или било кога после раѓањето) а резултираат со некоја од следните состојби:
Хипер-сензитивен тактилен систем – тактилна дефензивност
резултира со негативна преголема реакција на допир кој вообичаено не би требало да предизвика реакција. Личност со хипер-сензитивен тактилен систем реагира негативно на прегратки, чешлање на косата, средување на ноктите, негативност кон различни текстури, избегнува носење тесни алишта и вообичаен допир може да предизвика реакција вообичаена за многу подлабока и појака дразба. 

Хипо-сензитивен тактилен систем – личност со хипосензитивен
тактилен систем обично не реагира на тактилен инпут на којшто
вообичаено луѓето реагирааат. Длабок притисок, силно буткање или други форми на примена на физичка сила водат до мала реакција или отсуство на реакција. Тактилниот инпут важен за превземање акција или избегнување штета често недостасува кај личностите со хипосензитивен тактилен систем, изложувајќи ги на ризик од тоа да си нанесат штета.

07

SCHROTH - метод

Schroth методот е водечка и најкомплетна метода во светот за
лекување и третирање сколиози и кифози. Постои забуда дека
сколиозата е проблем само во мускулите и дека се решава со
едноставни вежби на истегање и јакнење на мускулатурата, но
комплексноста на сколиозите е во коскениот деформитет на
пршленот и рбетот. 

Поради тоа е исклучително важно на овој проблем да му се пријде од страна на стручен и образован терапевт кој ќе делува на сите компоненти на кривината, земајќи го во предвид големото влијание на кривината врз респираторниот систем.

Шрот методот делува на телесните волумени и механизмот на дишење, што несомнено ги намалува опасностите од репираторни и кардиолошки заболувања, ограничувањата на подвижноста и секако естетскиот изглед. 

Schroth методот е најделотворниот метод за нехируршко лекување на сколиози и кифози. Тоа што ја издвојува оваа метода е ротационото дишење кое се учи заедно со вежбите и преку тродимензионална корекција на телото ги активира мускулите и прави деротација на пршлените. Ваква корекција многу тешко возможно да се постигне преку било кој друг начин на третирање на скоклиоза и затоа Schroth методот е број еден во светот за третман на сколиози. 

Основа на овој метод е комплетна идентификација на карактеристиките на кривините на рбетот и внимателен програм со специфични вежби наменети исклучиво за секоја индивидуа посебно.

08

Dynamic Neuromuscular Stabilization

ДНС представува модалитет на проценка и третман. Функционира
преку стимулација на централниот нервен ситем и неврофизиолошкиот акспект на локомоторниот систем. <br><br>
ДНС користи модели за активирање на мускулатурата одговорна за стабилизација преку активација на дијафрагмата , мускулатурата на карличното дно и корелација на екстремитетите. 


На овој начин се овозможува идеална стабилизација и подобрување на веќе научените моторни способности и реактивирање на региите кои не биле активни.

Примена на овој медот се препорачува кај состоби како што се :
сколиози, кифози и лордози, дискус хернија, ишијалгија, проблеми со
рамото и ротаторната манжетна и лопатката, болки во вратот, слабост
на трупот лошо држење, проблеми со карличното дно како што е
уринарната инконтиненција, спортски повреди и невролошки
состојби како што се детска церебрална парализа и мозочен инсулт.

09

EMMETT - метод

Emmett представува нежна и сигурна техника која ја намалува
мускулната болка и вкочанетост. Ова техника се користи во
комбинација со класична физкална терапија и кинезитерапија, иако може да биде и индивидуално спроведена. Еmmett е значаен додаток во физикалната терапија за намалување болка и подобрување на коскено-мускулните и невролошките функции. Оваа техника е безбедна за бебиња, трудници и сите возрасти без контраиндикации.

Техниката е препорачлива за:

10

TAPING - метода

Кинезитејпингот е раширена метода која во голем број случаи дава брзо подобрување на мускулната функција и намалување на болката и отокот. Кинезиотејпингот се заснова на природниот процес за излекување на телото. Методот произлегува од кинезиологијата и доведува до намалување на болката и отокот, а притоа не ја намалува подвижноста на телото и третираната регија. Траката што се користи е хипоалергена и не содржи хемиски или фармаколошки средства, делува врз регијата константно 24 часа и дозволува дишење на кожата.

Оваа техника нуди: поддршка на мускулите, намалување на застојот во циркулацијата на телесните течности, аналгетско дејство и корекција на проблеми во зглобовите. Во комбинација со знаењето од другите техники и методи во Физио Актив, тејпингот наоѓа голема примена во корекција на сколиози заедно со шрот методот, невролошки состојби за поддршка и намалување на спастицитет и корекција на стапала кај деца.

Индивидуални вежби со бебиња и деца со предизвици во развојот

Нашиот тим на терапевти специјализирани за третман и рехабилитација на деца работат со деца кои се соочуваат со предизвици во развојот за долгорочно подобрување на квалитетот на живот.

Физио Актив нуди врвна терапија по светски признаени методи за третман на бебиња и деца кои се невроризични, церебрална парализа, генетски состојби, синдроми, ретки болести, предвремено родени бебиња,  парези и парализи на нерви; повреда на брахијален плексус, хипотонија, хипертонус, спазам на мускулатура и други невролошки состојби и предизвици.