Пристап
Индивидуален третман.
Одговорност
Посветени на подобрување на здравјето и состојбата на нашите мали пријатели.
Приврзаност
Посветени на најдобра можна грижа и поддршка за развојот и здравјето на децата.
Соработка
Заедничка грижа и оптимални резултати во лекувањето на децата.
За нас
Физио Актив е водечки центар за детска рехабилитација и корекција на телесни деформитети кај бебиња и деца. Од своето основање во 2019 година, Физио Актив се определи за научен пристап. Својот концепт на работа го базира на докажани методи за рехабилитација и корекција на телесни деформитети, стекнати на меѓународни обуки и тренинзи. Нашата мисија е максимално поттикнување на моторните, когнитивните, социјалните и емоционалните вештини на бебињата и децата преку специфични вежби и развојни активности.
Раната стимулација е важна за правилниот развој и раната интервенција поставува темели за развојот на децата со типичен
развој и децата кои имаат задоцнување во моторните фази. Затоа креиравме програми со кои го стимулираме правилниот развој на бебињата и децата совладувајќи ги сите развојни фази. Преку нашата единствена програма бебето од најрана возраст учи за светот околу себе, ги совладува сите моторни фази (како да се врти, да седнува, да лази, заштитни рекации при паѓање, одење..) когнитивна
игра и социо-емоционален развој.
Бебињата и децата кои се невроризични, предвремено родени или се соочуваат со некои невролошки и ортопедски предизвици како
хипотонус, хипертонус, церебрална парализа, сколиоза и доцнење во моторниот развој преку нашиот индивидуален третман и вежби
специфично наменети за нив постојано ги зголемуваат своите вештини и напредуваат во развојот.
Секогаш се водиме по тоа дека детето не треба да достигне некое ниво и потоа да стагнира, туку нашата должност е постојано да го зголемуваме максималниот капацитет на детето повторно да го надминеме. Големиот избор на третмани и техники со кои располагаме ни помагаат да одредиме индивидуална програма на вежби за Вашето дете.
Даваме поддршка и едукација на родителите за правилен раст и развој на бебето и детето.
Ги сакаме децата и се грижиме за нивното здравје. Низ игра вежбаме со нив. Тука сме да разговараме со Вас и со нашата посветеност и
знаење да го водиме растот и развојот на Вашето дете од најрана возраст, до сигурни чекори.
Доколку забележите дека бебето доцни во совладување на развојните фази или нешто не е во ред со начинот на кој детето се движи консултирајте се со Вашиот лекар и дојдете кај нас на консултација и советување.
Преку темелна анализа на движењето и стратегиите на движење кои бебето/детето ги користи, заедно ќе го најдеме исправниот начин за
надминување на предизвикот со кој детето се соочува. Од најмало отстапување до совладување на големи предизвици, нашиот тим максимално професионално се посветува на развојот на вашето дете.
Состојби кои ги третираме
-невролошко развојни состојби
-доцнење во моторен развој
-тортиколис и плагиоцефалија
-одење на прсти
-сколиоза и кифоза
-церебрална парализа
-хемиплегија
-хипотонија
-хипертонус
-рамни стапала
-повреда на брахијален плексус
-генетски состојби
-Спина бифида, Спинална Мускулна Атрофија
-ризик од моторно доцнење поради предвремено раѓање, хипоксија
на мозокот, мозочно крварење
-аутизам и други невролошки состојби
Основач и сопственик
Дипл. стручен физиотерапевт специјализиран во областа на детска рехабилитација
Ги сакаме децата и се грижиме за нивното здравје. Низ игра вежбаме со нив. Тука сме да разговараме со Вас и со нашата посветеност и знаење да го водиме растот и развојот на Вашето дете од најрана возраст, до сигурни чекори.