Услуги кои ги нудиме
Индивидуални вежби со бебиња и деца со предизвици во развојот
Нашиот тим на терапевти специјализирани за третман и рехабилитација на деца работат со деца кои се соочуваат со предизвици во развојот за долгорочно подобрување на квалитетот на живот.
Корекција и стимулација на развој
Со индивидуални третмани, Физио Актив работи со бебиња и деца со типичен развој или со мали отстапки. Главна цел на овие третмани е превенција и поставување на правилни темели.
Индивидуални вежби за корекција на сколиоза, кифоза и лордоза
Единствено во Физио Актив се нуди рехабилитација по Шрот метод и ДНС (динамична мускулна стабилизација) Комбинацијата на овие две техники дава најдобри резултати во неоперативниот третман на сколиоза.
Едукација на родителите
Одржуваме едукации на родителите за правилно постапување со бебе од првиот ден.
Индивидуални вежби со бебиња со типичен развој
Овој тип на услуга се состои од индивидуални вежби кои се намените специфично за Вашето бебе според неговите моментални способности и возраст.
Консултација
Консултацијата се состои од едукација на родителите за правилно постапување со бебето.
Начин на работа
Методи и техники
Физио Актив е единствената институција во Македонија што нуди Vojta, Bobath, MAES, CME, Schroth, Masgutova, Taping, DNS, EMMETT и други методи за ефективен третман на деца
- Индивидуален пристап и внимание
- Бројни меѓународно сертифицирани дипломи
- Долгогодишно искуство
Раст и развој
Активно следење на напредокот во мобилноста, когнитивните способности и развојот.
Креативен пристап
Разни методи и принципи на работа, секогаш во тек со последните истражувања во физиотерапијата
Насмевки и радост
Преку игра, вежбањето не поминува без насмевки.
Иновативен пристап
Индивидуален третман.