Физио Актив

Физио Актив е водечки центар за детска рехабилитација и корекција на телесни деформитети кај бебиња и деца.

Мисија

Нашата мисија е да ги развиеме и постојано зголемуваме можностите на нашите деца, преку постојана едукација и следење на најефикасните методи за детска рехабилитација.

Визија

Нашата визија е да им помогнеме на сите родители активно да допринесат за растот и развојот на своите деца. Соработката со родителите и нашите стручни и индивудуални програми ќе придонесат секое дете да расте и да ги надминува предизвиците.

Начин на работа

Методи и техники

Физио Актив е единствената
институција во Македонија што нуди Vojta, Bobath, MAES, CME, Schroth,
Masgutova, Taping, DNS, EMMETT и други методи за ефективен третман на деца.

Раст и развој

Активно следење на напредокот во мобилноста, когнитивните способности и развојот.

Креативен пристап

Разни методи и принципи на работа, секогаш во тек со последните истражувања во физиотерапијата

Насмевки и радост

Преку игра, вежбањето не поминува без насмевки.

Иновативен пристап

Индивидуален третман. Прилагодување на програмата на работа според потребите и напредокот на детето.

Да се запознаеме 🙂

Кои сме ние?

⭐️ Дипломиран физиотерапевт
⭐️ Дипл. стручен физиотерапевт специјализиран во областа на неврологија

⭐️ Дипломиран физиотерапевт
⭐️ Дипл. стручен физиотерапевт специјализиран во областа на детска рехабилитација
⭐️ Дипл. физиотерапевт специјализиран во областа на ортопедија, хирургија и трауматологија
⭐️ Магистрант на специјална едукација и рехабилитација- моторни нарушувања

⭐️ Дипломиран физиотерапевт
⭐️ Дипл. стручен физиотерапевт специјализиран во областа на ортопедија, хирургија и траума

За нас

Приоритет ни е развојот на здрави и среќни деца

Физио Актив е водечки центар за детска рехабилитација и корекција на телесни деформитети кај бебиња и деца. Од своето основање во 2019 година, Физио Актив се определи за научен пристап. Својот концепт на работа го базира на докажани методи за рехабилитација и корекција на телесни деформитети, стекнати на меѓународни обуки и тренинзи. Нашата мисија е максимално поттикнување на моторните, когнитивните, социјалните и емоционалните вештини на бебињата и децата преку специфични вежби и развојни активности…

Даница Ѓуровска Трајковска

Дипл. стручен физиотерапевт специјализиран во областа на детска рехабилитација

Ги сакаме децата и се грижиме за нивното здравје. Низ игра вежбаме со нив.

Тука сме да разговараме со Вас и со нашата посветеност и знаење да го водиме растот и развојот на Вашето дете од најрана возраст, до сигурни чекори.

Индивидуални вежби со бебиња и деца со предизвици во развојот

Нашиот тим на терапевти специјализирани за третман и рехабилитација на деца работат со деца кои се соочуваат со предизвици во развојот за долгорочно подобрување на квалитетот на живот.

Физио Актив нуди врвна терапија по светски признаени методи за третман на бебиња и деца кои се невроризични, церебрална парализа, генетски состојби, синдроми, ретки болести, предвремено родени бебиња,  парези и парализи на нерви; повреда на брахијален плексус, хипотонија, хипертонус, спазам на мускулатура и други невролошки состојби и предизвици.